Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 29 октомври 2026 г. на МРТ 1
Во новото издание донесуваме:
– борбата со високата корупција доби нова шефица во лицето на Искра Хаџи Василева – ќе добие ли и нов замав;
– кој стои зад „Патриотско друштво“, организатор на камп во кој и малолетници минуваат физичка и духовна обука; ги проверивме врските со институциите;
– нов обид за решавање на паркинг-хаосот во Клиничкиот центар со две монтажни гаражи – до каде е постапката и кои се претендентите;
– општините склучиле договори за јавни набавки вредни рекордни 356 милиони евра во изборната 2025 година – подобри услуги за граѓаните или нови долгови за локалните каси;
– „Саботажа“.
