Дневниот билтен на Министерството за здравство покажува дека во последните 24 часа во земјава се регистрирани седум смртни случаи. Со ова вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 792.
Сите седум починати пациенти битката со вирусот ја загубиле во болнички услови. Станува збор за пациенти од Куманово (63г), Тетово (69г), Гевгелија (67г), Скопје (51г), Кавадарци (60г) и двајца пациенти од Битола (60 и 79 г).
Како излекувани, пак, денеска се забележани 95 пациенти од: Скопје-43, Куманово-6, Штип-3, Тетово-10, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-1, Гевгелија-3, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-8, Берово-2, Валандово-3, Свети Николе-2 и Кичево-2.
Вкупниот број на оздравени пациенти од почетокот на пандемијата изнесува 16 194.
Во последните 24 часа се регистрирани и 383 нови случаи.