Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со ковид-19, објави таа денеска на Твитер.
„Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на ковид-19“,
напиша таа.
I’ve been informed that I participated in a meeting last Tuesday attended by a person who yesterday tested positive for COVID-19. In accordance with regulations in force, I’m therefore self-isolating until tomorrow morning. I’ve tested negative on Thursday & am tested again today
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) October 5, 2020
Фон дер Лајен напиша и дека во четвртокот веќе направила еден тест и дека била негативна за присуството на коронавирус, и дека подоцна денеска треба да направи уште еден.
Во изолација е и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, исто така, поради контакт со лице заразено со коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата, повеќе членови на ЕК беа во изолацијатокму порди контакти. Приот кој го направи тоа беше потпретседателот на оваа институција, Франс Тимерманс во март.
Најекстермниот пример е оној на сега поранешниот еврокомесарот за трговија Фил Хоган кој на крајот на август поднесе оставка откако присуствувал на голф-настан каде што не биле испочитувани протоколите за заштита од ковид-19 во однос на ограничувањето на бројот на присутни лица.
Скандалот изби на 19 август, кога беше обелоденето дека Хоган присуствувал на гала вечера во Ирска, на која биле присутни повеќе од дозволениот број лица, како што предвидуваат правилата на ирската влада за заштита од ковид-19.