„Многу фини и чесни луѓе, заедно со сопругата си работеа. Од отворањето на трговскиот сме тука и јас и тие, сите купувавме од кај нив. Никој не го очекуваше ова“, изјави за „360 степени“ познаничка на семејството на убиениот Васил Е.
Во денешното соопштение од Јавното обвинителство и во фејсбук-објавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во описот на настаните и одземените предмети, не се спомнува ниту накит ниту злато. Ниту во едната ниту во другата објава се спомнува можниот мотив на напаѓачите, освен дека станува збор за убиство од користољубие
Продавницата за накит „Дона“ во трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром е со спуштени решетки и празен излог. Ова е локалот во кој функционирал семејниот бизнис на Васил Е., кој вчера беше убиен кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Го работеле заедно со неговата сопруга, која вчера била сведок на грозоморниот чин.
Продавницата ни ја покажа пријателка на семејството која има свој дуќан во близина. Ѝ пријдовме додека со замислен поглед го пиеше пладневното кафе и ја прашавме дали знае да ни каже нешто повеќе за сопственикот.
„Многу фини и чесни луѓе, заедно со сопругата си работеа. Од отворањето на трговскиот сме тука и јас и тие, сите купувавме од кај нив. Никој не го очекуваше ова, не знаеме дали некогаш повторно ќе се отвори продавницата“,
вели таа.
На локалот пишува дека станува збор за златарница, што би требало да биде одговор на дилемите што се појавија во текот на вчерашниот ден за тоа дали бизнисот на Васил Е. и неговата сопруга бил со накит и бижутерија или продавале и злато. Тоа, пак, се поврзуваше со можните мотиви за вчерашното пресретнување и грабеж од напаѓачите.
Во денешното соопштение од Јавното обвинителство и во фејсбук-објавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во описот на настаните и одземените предмети, не се спомнува ниту накит ниту злато. Од обвинителството се наведува дека осомничениот за убиство, од сопругата на жртвата, одзел торба со лаптоп, а лицето што пристигнало потоа (и засега е недостапно за полицијата) од багажникот на автомобилот на жртвата одзело гајба со рачен алат.
Ниту во едната ниту во другата објава се спомнува можниот мотив на напаѓачите, освен дека станува збор за убиство од користољубие.
Инаку, убиството на Васил Е. се случи вчера околу 10 часот на паркингот зад ТЦ „Мавровка“.