Од коронавирус почина уште еден пациент, информираше вечерва владината прес-служба. Станува збор за 45-годишен скопјанец, кој починал на пат кон Градската болница во „8 Септември“.
„Во дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во дополнителниот извештај, кој е испратен попладнето, се информира за пациент од Скопје (45г), тестиран и потврден позитивен на ковид-19 преку Ветеринарен факултет, кој починал на пат кон болницата ‘8 Септември’“,
пишува во соопштението од Владата.
Во денешниот извештај од Министерството за здравство, објавен претходно, здравствените власти информираа за пет смртни случаи. Четворица битката со коронавирусот ја загубиле на Инфективната клиника: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа – Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и пациентка од Штип (81г). Петтата жртва е маж (53) од Куманово кој починал во неговиот дом.