Шведската полиција отвори истрага за можен терористички напад откако во градот Ветланда на југот на земјата, осум лица се избодени со нож, а напаѓачот е застрелан и уапсен.
Полицијата соопшти дека се работи за момче на дваесетина години кое е во притвор. Засега не се знае мотивор за нападот.
Дел од медиумите објавија дека напаѓачот користел секира, а други дека нападот го извршил со нож. Според полицијата ситуацијата е под контрола и дека ништо досега не укажува дека напаѓачот имал и соучесници.
Шведскиот весник „Афтонблајд“, цитирајќи ја портпаролката на полицијата Ангелика Израелсон Силфвер објави дека некои од жртвите се тешко повредени, а некои се полесно, но нема убиени.
Шведскиот премиер Стефан Лофвен ги нарече нападите „гнасни дела“.