Тој тврди дека според договореното власта се обврзала дивоградбите да се експроприраат по иста цена како и легалните објекти, како и дека грешките во проектот на изведувачот да ги плаќа Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)
Во меѓувреме, Министерството за транспорт и врски соопшти дека од денеска почнува реализацијата на договорот со „Бехтел и Енка“. Тоа значи дека стартуваат подготвителните работи како снимање на теренот, мобилизацијата на персонал за работа, мапирање локации за поставување кампови за градежна оператива, анализа на трасата итн.
Од СДСМ денеска обвинија дека опозицијата континуирано шири невистини
Историски срам и историска кражба, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е договорот за изградбата на коридорите 8 и 10-д што власта го склучи со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Тој вели дека зад договорот не стојат владите на двата стратегиски партнери на земјава, Турција и САД.
Мицкоски денеска порача дека ако не сега власта ќе има многу што да одговара за овој проект пред истражните органи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт и повика договорот да се стави на увид на јавноста.
Тој тврди дека според договореното власта се обврзала дивоградбите да се експроприраат по иста цена како и легалните објекти, како и дека грешките во проектот на изведувачот ќе ги плаќа Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), односно граѓаните.
„Додека пак за дилемите зошто потпишале договор каде што бараат продолжување на работната недела од 40 на 60 работни часа, иако е спротивен на Уставот и свесно прифаќајќи да плаќаме стотици милиони евра пенали, зошто го суспендирале македонското законодавство и прифатиле законодавство од друг модел? Зошто прифатиле дивоградбите да се експроприраат по иста цена како и легално изградените објекти и во периодот што следува во јавноста ќе покажуваме уште многу ‘зошто’. Зошто прифатиле грешките во проектот на изведувачот да ги плаќаат граѓаните, односно да се плаќаат преку ЈПДП, ќе треба да одговорат. Ако не сега, многу брзо, со формирање на новата влада од ВМРО-ДПМНЕ, пред истражните органи, во Обвинителството и на суд“,
рече тој по денешниот увид увид на изградба на водоводна мрежа во населено место Жилче, Општина Јегуновце.
Мицкоски ја спомена и објавата на потпретседателот на партијата, Александар Николоски, кој тврди дека од вкупниот број работници што ќе учествуваат во изградбата на автопатските делници само 30 отсто ќе бидат домашни, а преостанатите 70 проценти ќе бидат странски.
Од СДСМ денеска обвинија дека опозицијата континуирано шири невистини и се повикаа на специјалниот закон за изградбата на коридорите.
„Во член 11, став 3, односно во делот каде што се регулира ангажманот за работници од дома и од странство јасно стои обврската стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси. Е, токму ова е моментот каде што Николоски го прави тој спин. Николоски спинува, затоа што законот е јасен. Тоа значи дека ако нашата земја има доволно локални ресурси кои може да ги користи тогаш може процентот да биде повисок од 51%.
Во член 13 во однос на другото прашање, во став 1 јасно стои дека ангажираните работници мора да имаат потребни дозволи за престој и работа и согласно овој специјален закон точно е утврдена оваа процедура, односно она што стои во договорот е согласно законот“,
рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Во меѓувреме, Министерството за транспорт и врски соопшти дека од денеска почнува реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“. Тоа значи дека стартуваат подготвителните работи како снимање на теренот, подготовка на проекти за да отпочне експропријација, мобилизацијата на персонал за работа, мапирање локации за поставување кампови за градежна оператива, анализа на трасата итн.