Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро ги осуди наврадите кои вечерва Стевчо Јакимовски ги упати кон новинарот и водител Горазд Чомовски поради интервјуто со Христијан Мицкоски во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24. Оттаму најавија и дека ќе бараат од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во МВР да спроведе истрага со оглед на тоа што онлајн заканите кон новинари претставуваат кривично дело.
„Јакимовски со погрдни зборови, какви што не доликуваат на еден политичар и поранешен градоначалник, го навредуваше Чомовски, па дури и го прекори Мицкоски зашто не го потегнал за уши и да го извади надвор. Истакнуваме дека е посебно опасно по безбедноста на новинарите да се упатуваат навреди и закани кон нив, без разлика дали заканите доаѓаат од страна на челници на големи или мали политички партии“,
велат од ЗНМ.
Со повици за насилство, како овој на Јакимовски, според Здружението, може да се мотивира дел од партиското членство да посегне по безбедноста на новинарите.
*Поврзани вести:
Јакимовски напиша грст навреди кон Чомовски за интервјуто со Мицкоски
(ВИДЕО) Мицкоски се скара со Чомовски бидејќи го спореди со Груевски