Насер Зибери, поранешен министер и пратеник, во дебата во емисијата „360 Степени“ на Алсат зборуваше за првостепената пресуда за настаните од 27 април 2017 год. во Собранието.
– Премиерот уште на првиот настап во Парламентот остана на некаков начин конзистентен на идејата за општо помирување, кое би подразбирало преземање на многу видови на активности, и на крајот целата таа идеја и концепт заврши со Законот за амнестија. И ако се земе предвид тоа дека продукт на Законот за амнестија беше ослободувањето од одговорноста на неколку пратеници, кои потоа влегоа во групата на пратеници кои ги поддржаа уставните измени и ратификувањето на Законот за договорот со Грција, остава сомнеж дека Законот за амнестија бил инстантен, бил за одредена цел и фрла сенка во целиот овој процес кој несомнено остава сомнеж и може да се поврзе во конотација со денешните судења – рече Зибери.
Тој се согласи со забелешката дека освен амнестијата нема други мерки поврзани со помирувањето.
– Апсолутно, не беа преземени други мерки кои би требале да ја следат идејата. Доколку само Законот за амнестија ги задоволува барањата на една идеја за општо помирување, мислам дека е апсолутно неприфатливо и дека ја изнесува на површина идејата дека овој закон бил неопходен за да се постигне политичка цел. Иако самата амнестија има одредена политичка цел, но од друга страна дава простори за коментари дека имаме работа со селективна правда – рече Зибери.
Напишете коментар