Лицето е препратено на Клиниката за пластична хирургија во Скопје
Жител на село Сирково, Општина Росоман, е повреден при денешното гасење на пожар во селото, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Раководителот на Итната медицинска помош Кавадарци, Ратко Грков, за МИА ја потврдил информацијата.
„Лицето се здобило со изгореници на лицето и раката на десната страна. Препратено е на Клиниката за пластична хирургија во Скопје“,
изјавил за МИА доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.
Пожарот кај росоманското село Сирково избувна денеска. Во моментов, како што попладнево информира првиот човек на ЦУК, на гасење на овој пожар интервенираат двата турски „ертрактори“ и хрватскиот канадер.