Против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра, предмет кој е во фаза на судење и му се определени мерки на претпазливост
Поведена е постапка против 39-годишен жител на скопско Петровец за вршење семејно насилство, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, од каде за осомничениот се бара да му биде определена мерка притвор.

„Вчера тој телесно го повредил неговиот татко, откако по кратка вербална расправија започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон својата мајка, која ја турнал на подот и почнал да ја влече за нозете, ја однел кон кујната и врз неа истурил шише со вода“,
се вели во соопштението од ОЈО Скопје.
Оттаму велат дека против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра.
„Тој предмет е во фаза на судење и во кој му се определени мерки на претпазливост, кои обвинетиот очигледно не ги почитува, јавниот обвинител сега побара да му биде определена мерка притвор“,
информираат од Обвинителството.