Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи сопшти дека приведен е 51. годишен маж со престојувалиште во скопското село Таор, поради сомнеж за убиство на 48. годишна жена со која живееле во иста куќа.
Во врска со случајот, полицијата соопшти дека лишени од слобода се уште три лица.
„На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“,
велат од МВР.
