На неколку точки на северната граница на Македонија кон Косово и кон Србија, мештаните со години бараат решенија за да можат полесно и побрзо да ја преминуваат граничната линија, но резултатите или се бавни, или воопшто ги нема.
Една проблематична одредница е ветувањето за премин кај Лојане и Миратовац на македонско-српската граница, но тој никако да биде отворен.
И покрај тоа што Македонија и Косово во 2013 година потпишаа договор за отворање на граничниот премиен Белановце – Станчиќ кој треба да ги поврзе Куманово и Гнилане. Патот за преминот се гради цели 4 години.
Останува нерешен и проблемот на децата од селото Блаце, општина Чучер Сандево кои секојдневно мораат да поминуваат граница за да одат на училиште во Косово. А основното и средното образование се задолжителни според Уставот на Република Македонија.
Напишете коментар