Зголемениот број заразени со коронавирус во Грција не се должи н туризмот, туку најголем број се домашни случаи, тврди заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас.
На денешната прес – конференција тој рече дека од 1 јули до вчера, 17 отсто од позитивните случаи се кај туристи, додека останатите 83 проценти се во внатрешноста на земјата.
„Регистрираните позитивни увезени случаи се 615 од вкупно 319 379 направени анализи на влезните точки во земјата од 1 јули, а преку кои влегоа вкупно 2 592 853 лица. Овие 615 случаи претставуваат 17 отсто од вкупно 3 666 регистрирани случаи од 1 јули до вчера. Ова значи дека 83 проценти од случаите се во внатрешноста“,
рече Хардаљас.