На другите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот, пак, на државните патишта низ земјата од утрово се одвива непречено и по суви коловози
На граничниот премин „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за премин изнесува околу 40 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата“,
велат од АМСМ.
Сообраќајот, пак, на државните патишта низ земјата од утрово се одвива непречено и по суви коловози.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно.
