Земјотресот што вчера се случи на 14 километри од Костур во Грција, беше почувствуван во Битола, но и во Охрид, Струга и Ресен, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот со епицентарот на 170 километри јужно од Скопје, со Рихтерова магнитуда од 4,7 степени, се случи во 23:31 часот по македонско време.
Според Европската макросеизмичка скала, земјотресот бил почувствуван и во другите делови од државата, со интензитет од три степени.