Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското море, во близина на италијанскиот брег, околу 06:20 часот утрово.
Освен во Италија, земјотресот се почувствувал и во Хрватска.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар на 58 километри од Римини и 30 километри североисточно од градот Пезаро.
Приближната локација беше погодена од земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала на 9 ноември, кој беше почувствуван во Хрватска.
По него следеа неколку умерени земјотреси во областа. Во областа Анкона, пријавено е оштетување на ѕидовите на зградите, а болницата Вила Игеа е евакуирана.