Според податоците на Сеизмолошката опсеваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил почувстуван во 00:06 часот, со епицентар во подрачјето Тетово – Гостивар
Земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтеровата скала синоќа, неколку минути по полноќ, бил регистриран во северозападниот дел од земјата на подрачјето на Гостивар и Тетово, сооошти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според податоците, потресот бил почувствуван во 00:06 часот, со епицентар во подрачјето Тетово – Гостивар.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) јавува дека земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од пет километри, додека епицентарот е лоциран на 10 километри северозападно од Гостивар.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје објави дека земјотресот бил почувствуван од жителите на Гостивар, Тетово и околината со интензитет од три степени, според Европската макросеизмичка скала.
