Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа силен земјотрес со епицентар кај Башчанска Драга на Крк
Земјотрес е почувствуван во Централна Хрватска. Земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, јавува „Индекс.хр“.
„Денеска, 16 февруари 2023 година, во 10 часот и 47 минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Башчанска Драга на Крк. Јачината на земјотресот беше 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на VI степен на Европската макросеизмичка скала (ЕМС). Земјотресот е почувствуван низ хрватското крајбрежје“,
соопштиле од хрватската Сеизмолошка служба.
Во декември 2020 година, разорен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го уништи Петриње.