Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот бил на осум километри северозападно од Гостивар, на длабочина од три километри
Земјотрес попладнево е регистриран во Полошкиот Регион.

Потресот со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е евидентиран во 16:10 часот. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на потресот е регистриран на околу 47 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Според податоците објавени од Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот бил на осум километри северозападно од Гостивар, на длабочина од три километри.
Потресот е почувствуван од жителите на Гостивар и околината.
Вчеравечер земјотрес со јачина од 2 степени беше регистриран во Охридскиот Регион.
