Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала e почуствуван во Скопје и во други места во северниот дел на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при ПФМ во Скопје и Европскиот медитерански сеиозмолошки центар, епицентарот е на границата меѓу Македонија и Косово кај Качаник. Земјотресот е почуствуван во 23:07 часот, а длабочината на епицентарот изнесува 2 километри.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 07 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 28 km северозападно од Скопје во соседното епицентрално подрачје Урошевац – Витина, Република Косово. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.3, а беше почувствуван од граѓаните на градот Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“,
известија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.