Земјотрес со интензитет од три до четири степени по Европската макросеизмичка скала денеска е почувствуван во Штип и околината.
Регистриран е во 12:35 часот со епицентар на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од штипското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда 3,5.