Земјотресот, според Опсерваторијата на ПМФ во Скопје, е почувствуван од жителите на градот Струга и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала
Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 7:52 часот, а епицентарот е на 46 километри од Тирана, на длабочина од 20 километри. Процената е дека неговата јачина е 3,8 степени
Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во соседна Албанија, а е почувствуван од жителите на Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Утрово во 7:52 минути е почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од Република Албанија на околу 144 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 4 степени“,
се вели во соопштението од Опсерваторијата.
Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Струга и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
Според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 7:52 часот, а епицентарот е на 46 километри од Тирана, на длабочина од 20 километри.
Проценката на ЕМСЦ е дека неговата јачина е 3,8 степени.
#Earthquake (#tërmet) possibly felt 32 sec ago in #Albania. Felt it? Tell us via:
— EMSC (@LastQuake) July 29, 2026
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/6WgLko7TQa
Оние што го почувствуваа во коментари на платформата на ЕМСЦ го опишаа потресот како краток, но силен.
