Украинските воздухопловни сили соборија 54 руски проектили, но неколку од нив сепак ја погодија енергетската мрежа и предизвикаа проблеми со струјата во неколку региони

Со секој ракетен напад Русија се повеќе заглавува во ќорсокак. Има се помалку проектили. Статусот на најголем терорист во светот уште долго време ќе носи последици за Русија и нејзините граѓаните. Секој испукан проектил потврдува дека ова мора да има завршница пред трибунал. Тоа и ќе се случи.
Ова е дел од пораката што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја испрати во своето традиционално вечерно обраќање преку социјалните мрежи откако денеска украинските воздухопловни сили соборија поголем дел од проектилите со кои напаѓаше Москва.
И Зеленски го потврди податокот дека соборени се 54 проектили за што им се заблагодари на воздушните команди, особено на противвоздушната ракетна бригада во Херсон.
Сепак, десетината проектили кои паднаа на украинска територија предизвикаа штети во енергетската инфраструктура и оставија последици.
„За жал, имаше неколку проектили. Нашите инженери и екипи за поправка прават се за Украинците што помалку да ги чувствуваат последиците од нападот на терористите. Им благодарам на сите што работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија“,
вели Зеленски.
За оштетувањата претходно се огласи и украинскиот оператор „Укренерго“ наведувајќи дека некои делови од регионите на Киев, Харков, Одеса и Херсон имаат проблеми со електричната енергија.