„Мојот состанок со генералот Келог беше состанок што ја враќа надежта и ни требаат силни договори со САД – договори кои навистина ќе функционираат. Му наложив на мојот тим да работи брзо и многу разумно“, вели украинскиот претседател
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека Украина е подготвена да работи брзо за да постигне силен договор за инвестиции и безбедност со САД, велејќи дека средбата со американскиот претставник Кит Келог ја враќа надежта за успех.
„Ден на интензивна меѓународна работа. Мојот состанок со генералот Келог беше состанок што ја враќа надежта и ни требаат силни договори со САД – договори кои навистина ќе функционираат. Му наложив на мојот тим да работи брзо и многу разумно“,
вели Зеленски во видео објавено синоќа на социјалната мрежа Икс.
Тој додава дека економијата и безбедноста секогаш мора да одат рака под рака, а деталите од овие договори се важни – колку подобро се структурирани, толку се поголеми резултатите.
На средбата со Келог, Зеленски вели дека разговарале за ситуацијата на фронтот, потребата од ослободување на сите воени заробеници кои се држат во Русија и “неопходноста од јасен, сигурен систем на безбедносни гаранции – систем кој гарантира дека оваа војна никогаш нема да се врати и дека Русија никогаш повеќе нема да уништува животи“.
„На сите ни треба мир – Украина, Европа, Америка и целиот свет“,
додава Зеленски.
A day of intense international work. My meeting with General Kellogg was one that restores hope, and we need strong agreements with the U.S.—agreements that will truly work. I have instructed my team to work quickly and very sensibly.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 20, 2025
Economy and security must always go hand in… pic.twitter.com/N5k2bu13qk
Средбата на Зеленски со Келог се случи за време на неговата тридневна посета на Киев.
Претходно, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха разговараше со Келог за начините за постигнување праведен и траен мир во конфликтот со Русија.
Посетата на Келог на Киев доаѓа во дипломатски тежок момент за Украина, откако американскиот претседател Доналд Трамп стави крај на политичката изолација на рускиот лидер Владимир Путин со вклучување на Москва во билатерални разговори за постигнување мир во Украина.
Тој на средбата му рекол на Келог дека украинската и трансатлантската безбедниост се неделиви.
Американскиот пратеник за време на посетата на Киев веќе имаше средби со врховниот командат на украинската армија, како и со шефовите на разузнавачките и специјалните служби на земјата.