Зеленски нагласи дека е клучно да се продолжат напорите за обезбедување на Украина со системи за воздушна одбрана, особено оние што можат да пресретнат балистички ракети

По големиот руски ноќен напад врз Украина, во кој, според достапните информации, најмалку 83 лица се повредени, а има и загинати, со коментар се огласи украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој вели дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може јасно да го изговори зборот „ура“, туку наместо тоа испукува ракети кон станбени згради.
„Путин повеќе не може ни јасно да го изговори „’ура’, само мрмори нешто и зборува нејасно, а сепак уништува станбени згради со ракети. Лансираше три руски ракети кон водоводна станица. Запали пазар. Оштети десетици станбени згради. Погоди неколку обични училишта. Го лансираше својот ‘орешник’, навистина полудеа“,
рече Зеленски.
Зеленски се осврна на видеото од Путин кое стана вирално на социјалните мрежи, кое Кремљ брзо го избриша. Тоа покажува дека Путин не го изговара правилно „ура“.
„Ура“ е традиционален воен израз што се користи во Русија за време на напади, паради и прослави на победата.
Зеленски нагласи дека е клучно да се продолжат напорите за обезбедување на Украина со системи за воздушна одбрана, особено оние што можат да пресретнат балистички ракети.
Тој вели дека да се има Русија како сосед значи да се живее под постојана закана. Нашите луѓе во Украина, вели Зеленски, ја содржат и ја запираат оваа закана. Сеак, како што вели, светот треба јасно да види со кого си има работа. Ова е петта година од тотална војна и од првите моменти тоа е неиспровоцирана терористичка војна на Русија против животот.
„Правиме апсолутно сè што е во наша моќ за да постигнеме мир и да ги заштитиме луѓето. Важно е Украина да не е сама. Потребни се одлуки – од САД, Европа и другите – за овој стар ‘орешник’ во Москва конечно да го каже зборот ‘мир’. Ви благодарам на сите што помагате“,
додаде украинскиот претседател.
Според извештајот на украинските воздухопловни сили, руските сили извршиле масовен комбиниран напад преку ноќ, лансирајќи 90 ракети од различни видови, многу од нив балистички ракети и 600 беспилотни летала од различни типови. Меѓу нив била и балистичката ракета со среден дострел „Орешник“.
Зеленски на неговиот фејсбук-профил објави и видео и фотографии од обиколката што ја направил на главниот град. На нив може да се видат урнати згради и спасувачки екипи како работат на отстранување на рушевините.
