Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја исклучи можноста да отпатува во Москва на директни разговори со рускиот лидер Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина.
„Во име на својата земја, бев подготвен да го посетам секое место на оваа планета. Но, сигурно не сега и сигурно не во Москва. Тоа едноставно не доаѓа предвид“,
рекол Зеленски за рускиот медиум Медиазон.
Тој сепак додал дека во други околности и со други лидер во Москва, се би било возможно.
Зеленски оценил дека руското политичко раководство направило „катастрофална грешка“, предизвикувајќи инвазија на неговата земја, вовлекувајќи го и рускиот народ во нешто што е одговорност на власта.
„Отсега, многу земји нема да се занимаваат со прашањето дали некој е добар или лош Русин. Сите Руси ќе бидат третирани лошо. Русија како земја го постигна тоа. На крај, не е моја работа, но тоа би требало да го згрозува рускиот народ“,
порачал тој.