Здружението на јави обвинители, кое се противеше на минималната плата, ги повика своите членови – обвинители да донираат дел од своите плати во солидарниот фонд за борба против ковид-19.
„За прв пат во нашата држава е прогласена вонредна состојба, како резултат на пандемија од вирусот КОВИД-19, од страна на Светската здравствена организација. Ваквата состојба негативно се одрази на целокупната светска економија. Негативните последици се особено врз земјите во развој каква што е нашата држава. Заради обезбедување на дополнителни финансиски средства за справување со оваа пандемија, Владата формира ’Солидарен фонд за борба против ковид-19. Од овие причини Ви препорачуваме како носители на една од најодговорните функции во нашата држава на дело да ја покажеме нашата солидарноста. Да донираме средства од нашите плати во овој фонд“,
пишува во повикот на Здружението.

Ова Здружение се противеше на Уредбата на Владата со која беа опфатени и обвинителите и требаше да земаат минимална плата од 14 500 денари за април и мај. Тие излегоа со став дека се за да им се скратат платите, но не и на ниво на минималец. Испратија и писмо до министерката за правда, Рената Дескоска, во кое го образложија својот став, во кој наведоа и дека Уредбата е спорна и од правен аспект.
Денешниот повик следува откако и обвинителите и судиите си ги „спасија“ целите плати бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата и донесе решение додека да се оцени, Уредбата да се запре.
На Уредбата се противеше и Здружението на судии, кое исто така, повика судската власт да донира најмалку по 20 проценти од своите плати.
*Поврзани вести:
Владата ги стави и судиите и обвинителите на минималец
Здружението на обвинители до Дескоска: Треба да ни се намалат платите, но не на минималец
Уставен го запре минималецот за функционерите, судиите и обвинителите
Влада: Одлуката на Уставен за минималецот е скандалозна
Уставен: Одлуката за платите е донесена едногласно, Владата треба да ја почитува
Наместо минималец, на уставните судии ќе им останат платите од над 90 илјади денари
Антикорупциска не гледа судир на интереси што уставните судии го запреа минималецот
Препорака на Здружението на судии: Третата власт да донира најмалку по 20 проценти од платите
