Како што соопшти МВР инцидентот се случил вчера попладне. Повредениот прво бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“
Вчера во затворот Идризово се случил инцидет во кој затвореник е прободен со остар предмет од друг затвореник.
Како што соопшти МВР, вчера во 18:00 часот во СВР Скопје од КПУ Идризово било пријавено дека околу 17:45 часот 35-годишен затвореник е прободен со остар предмет од друг затвореник. Повредениот бил пренесен во амбулантата при КПУ Идризово за укажување на лекарска помош, по што е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Од МВР посочуваат дека се работи на расчистување на случајот.