„Секој успех на која било држава, секој чекор, секое отворено поглавје, секој отворен кластер е уште еден чекор поблиску до Брисел и до европската приказна. Од друга страна, Црна Гора има епитет на предводник, но сметаме дека нашиот успех е и успех на Северна Македонија и на Србија и други држави од Западен Балкан“, посочи тој од Скопје
Зацртавме цел да станеме 28. држава во Европската Унија до крајот на 2028 година, рече денеска шефот на црногорската дипломатија, Ервин Ибрахимовиќ, кој е во официјална посета во Скопје, на заедничка прес-конфенција со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.
„Некој би рекол дека тоа е амбициозно, но јас би кажал дека ние испраќаме силна порака на Брисел и на нашите граѓани дека сме подготвени за ова. Општеството на Црна Гора беше единствено околу националниот интерес и така стигнавме до целта“,
рече тој.

Според него, не може да сее зборува за сигурноста и просперитетот на целиот Западен Балкан без европската и евроатланската перспектива на регионот.
„Секој успех на која било држава, секој чекор, секое отворено поглавје, секој отворен кластер е уште еден чекор поблиску до Брисел и до европската приказна. Од друга страна, Црна Гора има епитет на предводник, но сметаме дека нашиот успех е и успех на Северна Македонија и на Србија и други држави од Западен Балкан“,
кажа Ибрахимовиќ.
Посочи дена на сите им е јасно оти секој ден изгубен на патот кон Брисел е загуба пред сè на оние држави што сакаат да се интегрираат во ЕУ, но дека со тоа губи и Унијата.
Според него, над 80 отсто од граѓаните на Црна Гора се изјасниле дека сакаат земјата да стане дел од ЕУ.
„Црна Гора е 100 проценти посветена на европскиот пат. Верувам дека ќе бидеме во ЕУ до 2028 година. И тоа ќе биде силен поттик и за другите држави од Западен Балкан дека европската пеерспектива и проширувашето се живи“,
рече шефот на црногорската ддипломатија, кој денеска е во официјална посета на Скопје.