За излез од државата, пак, на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 15 минути, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). На останатите гранични премини од македонска страна, како што информираат оттаму, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу два часа. За излез од државата, пак, на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 15 минути, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Како што информираат оттаму, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.