Инаку, по одржување на првиот круг од претседателските избори на 24 април, пред изборниот штаб на „Вреди“ се собраа поддржувачи на ДУИ кои со огномет ја славеа победата на нивниот претседателски кандидат Бујар Османи
Двојни заштитни барикади вечерва се поставени пред изборниот штаб на коалицијата „Вреди“, кој се наоѓа на плоштадот „Скендербер“ на влезот во Старата скопска чаршија. Се забележува и присуство на полициски екипи.
Присутните симпатизери пред штабот на „Влен“ извикуваат „Победа, победа“.
Од „Вреди“ за МИА изјавиле дека поставувањето на барикадите е поради безбедносни причини односно, како што посочија оттаму, немаат најава за некаков инцидент или закана за загрозување на животот на некој од членовите на коалицијата.
Инаку, по одржување на првиот круг од претседателските избори на 24 април, пред изборниот штаб на „Вреди“ се собраа поддржувачи на ДУИ кои со огномет ја славеа победата на нивниот претседателски кандидат Бујар Османи.
Тогаш претставниците на коалицијата со претставниците на медиумите беа преселени во седиштето на Демократското движење, со цел, како што тогаш посочија оттаму, да се избегнат инциденти.