Полициски службеници во Бања Лука вчера идентификуваа и лоцираа две лица кои се дијагностицирани со коронавирус, а избегале од Клиниката за инфективни болести, објави телевизијата Н1.
Обезбедувањето на болницата пријавило во полициска станица дека две непознати лица, на кои им бил дијагностициран коронавирус, избегале од клиниката каде што биле лекувани.
Основното јавно обвинителство во Бања Лука поднесе обвинение за две кривични дела, пренесување заразна болест и кршење на здравствените регулативи за време на епидемија.
Исто така, вчера едно лице, незадоволно од условите во Студентскиот центар „Никола Тесла“, се заканило дека ќе скокне од петтиот кат на зградата, по што тој и неговата мајка се преместени во Клиниката за инфективни болести во Бања Лука.