Бугарија е против Албанија и Северна Македонија да бидат раздвоени при започнувањето на преговорите за членство во ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, по средбата со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај.
Захариева посочи и дека бугарското малцинство е уште една можност што Бугарија треба да ја искористи за да ѝ помага на Албанија.
„Бугарија е подготвена да го поддржи изучувањето на бугарскиот јазик од нашето малцинство во Албанија со наставници и учебници“,
изјави Захариева.
Захариева и Цакај на средбата разговарале за европската интеграција на Албанија и за можностите за зајакнување на билатералната соработка во областа на транспортот, економијата и туризмот, пренесе БГНЕС.