Украина објави дека во нападот на рускиот воен брод „Москва“ загинал и капетанот на бродот Антон Валеријвиќ, пренесуваат тамошните медиуми.
Како што е објавено, тој загинал откако украинска ракета „Нептун“ го погодила бродот. Сепак, иако официјален Киев тврди дека бродот потонал по нивен напад, руската страна излезе со став дека експлозијата е предизвикана од муниција која експлодирала на самиот брод, а тој потонал како резултат на голема бура.
Тоа е најголемиот потонат воен брод во последните 40 години. Крстосувачот „Москва“ се прослави на почетокот на војната кога украинските бранители на Змискиот Остров ги отфрлија повиците да се предадат, пред тие на крај да бидат заробени.