„Во овој момент има 15 партии кои стојат не само зад мојата кандидатура, туку се заедно и за парламентарните избори. Коалициите се прават врз основа на вредности пред да влезев во изборен циклус. Многу е чудно со почната кампања ти да молиш за помош уште некој да ти дојде. Тоа е знак на слабост и знак на нервоза дека работите не им одат како што планирале. А планираа уште пред година дена, сите ресори ги поделија. Точно се знае кога ќе биде министер кога ќе дојдат на власт“, вели актуелниот претседател и кандидат за втор мандат поддршан од СДСМ
Пред околу 11 години имав средба со еден човек, кој ми рече „сакам од тебе да направам претседател на Македонија“. Тоа е Зоран Заев.
Со овие зборови, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидат за втор мандат поддржан од СДСМ вечерва го започна излагањето на митингот во Струмица, посочувајќи дека сака да каже неколку реченици за поранешниот премиер Зоран Заев, како и за ексминистерот за здравство и носителот на Изборната единица 4 Венко Филипче.

„Влеговме во заедничка битна во 2014 година, но година дена пред тие избори, тој беше сигурен дека ќе станеме еден ден тоа што сме. Тој премиер, а јас претседател. И ми рече вака, 2014 е само загревање за да ги добиеме следните избори и 2016 година и со масовна поддршка на македонските граѓани ние го победивме режимот со пенкало“,
рече Пендаровски.
За Филипче, Пендаорвски рече дека е „Скопјанецот на привремена работа во Струмица“.

„Вие сте благословени што го имате тука него за носител на листа. Со должна почит за сите други кандидати во шесте изборни единици, но Венко, Јована, тоа е дрим тимот на Македонија. Тука очекувам убедлива победа и на претседателски и на парламентарните избори“,
рече тој.
Според него, притивкандидатот на Филипче е светлосни години зад него.
За него, многу е важно да покажеме дека имаме мнозинство македонски граѓани на страната на европска и напредна Македонија.
„Ако го направиме тоа на 24 април, нема сила која ќе не запре на 8 мај да не го потврдиме истото и да просолжиме да ја водиме државата по овој пат, по кој одиме веќе 7 и пол години“,
вели претседателскиот кандидат.
Одговарајќи на прашања од граѓаните за тоа дека Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги внесе Бугарите во Уставот, Пендаровски рече дека секогаш кога зборувал со странските амбасади тоа ќе му бил приоритет, а кога зборел пред јавноста или пред партиските челнови зборувал обратно.
„Човекот одговара на различен начин. Како да му верувате на човек кој едно зборува пред странци, друго зборува пред сопствениот народ. Има многу случаи за кои на тој човек и на неговата екипа не треба да им верувате“,
рече тој.
На прашањето зошто уште сега Мицковски прави коалиција, Пендаровски рече дека нивната коалиција со оваа структура постои околу 10-15 години.
„Во овој момент има 15 партии кои стојат не само зад мојата кандидатура, туку се заедно и за парламентарните избори. Коалициите се прават врз основа на вредности пред да влезев во изборен циклус. Многу е чудно со почната кампања ти да молиш за помош уште некој да ти дојде. Тоа е знак на слабост и знак на нервоза дека работите не им одат како што планирале. А планираа уште пред година дена, сите ресори ги поделија. Точно се знае кога ќе биде министер кога ќе дојдат на власт“,
рече Пендаровски.

Прашан за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ долго време зборувале дека ќе го поништат договор од Преспа, а дека сега нема да го поништат, кандидатот за претседател рече дека најголемите велесили биле во позадина на тој договор.
„Факт е дека и од грчка страна имаше храбар политичар, Алексис Ципрас кој потпиша работа која ни една генерација грчки политичари не ни помислувале да потшпишат, а камо ли да ратификуваат во Парламент. Во грчкиот парламент е ратификуван Преспанскиот договор, во кој стои дека има Македонци со македонски јазик. Можеш да замислиш што значи тоа за еден Грк. Е тоа го направивме ние со ваша поддршка. Во Грција е регистриан центар за македонски јазик. Што повеќе од тоа“,
рече Пендаровски.