Прашан дали преговорите се „запнати“ околу барањето на ДУИ за премиер Албанец и дали партијата инсистира на тоа, Заев кратко одговори дека ако навлезе во коментари, нема да помогне на преговарачкиот процес
Жалам, но денеска нема договор, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Собранието.
Тој најави дека преговорите ќе продолжат во следниве денови, изразувајќи задоволство бидејќи, како што рече, наративот на коалицискиот договор е стокмен.
„Верувам дека нема многу време да губиме во распределбата на ресорите, приближно знаеме кој каде е подготвен да земе одговорност, но сето тоа ќе значи и компарација со кадрите за кои ќе се разговара, но дефинитивно имаме уште многу да работиме во следниве денови. Се надевам дека тоа ќе биде час поскоро или ден порано“,
рече Заев.
Тој повтори дека повикот на Ахмети за средба со лидерите на сите политички партии од албанскиот блок ја разбира како притисок врз СДСМ, велејќи дека и претставниците на останатите етнички заедници можат да го направат истото.
„Ако поводот е Охридскиот рамковен довогор, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да се таму, и тие се потписници на Договорот кој се слави на 13 август“,
смета Заев.
Прашан дали преговорите се „запнати“ околу барањето на ДУИ за премиер Албанец и дали партијата инсистира на тоа, кратко одговори дека ако навлезе во коментари, нема да помогне на преговарачкиот процес.