Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговарал со новиот бугарски премиер Стефан Јанев, кој застана на чело на привремената техничка влада во Бугарија, по неуспехот на политичките партии да формираат политичка влада по неодамнешните избори.
„Политичките лидери од двете страни имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, беше заклучено при разговорот. Двајцата премиери разговара за вкупните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на потребата за вложување на сите напори за разговори и за заемно прифатливи решенија“,
пишува во краткото соопштение од Владата.
Оттаму додаваат и дека Заев му го честитал изборот на Јанев и му посакал плодна и успешна работа.