Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш повтори дека пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април и дека нема простор за негово поместување.
„Ние сме за инклузивност, убаво е да има консензус, но уште еднаш кажувам – 20 години немаме попис, јавните, локалните институции, приватните фирми работат во матно, не знаеме колку сме, кај сме, како сме поставени, кои се параметрите кои се основа за максимизирање на економскиот раст на државата… Оваа операција мора да се спроведе од 1 до 21 април. Летото никаде не се прави попис, септември е кампањата, октомври се локални избори, до кога, до мај ли треба да се чека?“,
рече Заев.