За купување на опремата потребна за воведување на системот за идентификација на гласачите со отпечаток од прст, ДИК ја избра германската компанија „Дермалог“. Оттаму веќе почна да пристигнуваат терминалите за читање отпечатоци, како и друга опрема. Пред два дена пристигна и серверот со 10 станици за полнење на терминалите со податоци
Премиерот Зоран Заев вели дека нема простор за загриженост и верува дека успешно ќе заврши процесот со идентификација на гласачите преку отпечатоци за прсти на изборниот ден, кои првпат ќе се користи во земјава на локалните избори во октомври.
На прашање дали има план Б доколку дојде до проблеми со оглед дека во јавноста е веќе познато дека од Авганистан имало предупредувања за тамошното искуство со опремата купена од германски „Дермалог“, премиерот вели дека нема информации поради кои треба да има загриженост.
„За нас како граѓани, но и за владата, верувам и за опозицијата, е исклучително важно овој проект што првпат се спроведува во нашата земја да биде успешно спроведен. Досега немаме никаква информација за каква било загриженост затоа што стигнаа првите опреми, се прави тест-периодот и верувам дека навремено ќе биде спроведен целиот процес“,
вели Заев.
Премиерот верува и дека јавната набавка што ја спроведе ДИК е согласно законите и наведува дека овој проект се тера заеднички.
„Тоа што го знам согласно неопходните чекори во постапката за јавна набавка, имаме еден пред се транспарентен процес каде што во текот на постапката има одредени корекции заради прашања доставени од сите оператори во таа фаза, тие се прифатени и изменаџирани. Самата постапка помина во управна контрола преку Бирото за јавни набавки и таа е одобрена, понатаму помина низ фаза на жалба преку второстепената комисија за јавни набавки и таа е одобрена односно ги запазува сите процедури согласно законите за јавни набавки и она што е најнеопходно, целосно пропишано согласно критериумите во тендерската постапка. Овде знам дека ДИК имаше експерти во помош за самата постапка и ние досега немаме никакви причина да веруваме дека тоа нема успешно да се спроведе“,
рече Заев.
За купување на опремата потребна за воведување на системот за идентификација на гласачите со отпечаток од прст, ДИК ја избра германската компанија „Дермалог“. Оттаму веќе почна да пристигнуваат терминалите за читање на отпечатоци, како и останатата опрема. Пред два дена пристигна и серверот со 10 станици за полнење на терминалите со податоци.
„Ако серверот покаже дека добро работи, ќе ги подготвиме и за едукација на претседателите и замениците на избирачките одбори. Ќе се стави во функција целата операција, што значи дека процесот оди добро, односно и повеќе од добро, затоа што серверот пристигна една недела порано и може да се почне со полнење на овие терминали што се за обуки, а потоа и со полнење на други терминали во зависност од заклучувањето на избирачкиот список“,
изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, најавувајќи дека деновиве треба да пристигне нова пратка, како и уште една во текот на наредната недела.
*Поврзани вести:
(ВИДЕО) Сомнежи за местење на набавката за идентификација на гласачите со отпечаток од прст
Четири фирми во трка за 12 милиони евра вредниот тендер за терминали за отпечатоци од прст на ДИК
Системот за гласање со отпечаток од прст на „Дермалог“ ќе чини 11,2 милиони евра
Катиљ-ферман од Авганистан до ДИК: Нашето искуство со „Дермалог“ не е позитивно
Одбиена жалбата: Уредите за отпечаток од прст ДИК ќе ги набави од „Дермалог“
Во ДИК стигна серверот за изборите, Даштевски смета дека процесот оди повеќе од добро
(ВИДЕО) Отпечатокот од прст (не) ги решава сите проблеми на изборите