Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да ги коментира пишувањата во дел од медиумите дека Љубомир Фрчкоски нема да биде амбасадор во Вашингтон зашто не е добиена согласност.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека ниту Владата, ниту која било институција коментира амбасадори додека не завршат постапките.
„Можам да потврдам дека ниту Владата, ниту која било институција коментира амбасадори додека не завршат постапките за која било земја или на кое било ниво. Дури многу често и именувањето на почесните конзули не го коментираме додека не заврши постапката. Кога ќе завршат сите постапки, односно одлуки на влади, агреман од претседателот, агреман од земјата домаќин каде испраќаме амбасадор, соопштуваме бидејќи седницата во Парламентот е јавна“,
изјави Заев.