Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, вечерва се на телевизиско соочување на јавниот сервис МРТ, а тема на дебата на почетокот на дуелот е ситуацијата со коронавирусот.
Двајцата рекоа дека се уверени во победа на изборите на 15 јули, а Заев најави дека една од првите работи кои ќе ги направи како премиер е дека ќе даде предлог до претседателот Стево Пендаровски да ги одликува со медал за храброст сите лекари и медицински сестри кои учествуваат во борбата против коронавирусот.
„Тоа беше прв предлог од ВМРО-ДПМНЕ, за жал не беше прифатен. Апсолутно никакво милосрдие не им е потребна, туку им е потребна стратегија“,
реплицираше Мицкоски.
Лидерот на опозицијата обвини дека државата убедливо е рекордер по бројот на загубени животи, а Заев, пак, рече дека и СЗО и домашните експерти, како и лидерите од регионот потврдиле дека Македонија имала најчесен и најтранспарентен пристап без калкулации во објавувањето на бројките.