Премиерот Зоран Заев на министрите во неговата нова влада денеска ќе им предаде мандатни писма со утврдена мисија и задачи за новиот мандат, соопштија од владината прес-службата.
Оваа новина што сака да ја воведе Владата, Заев ја најави пред два дена одговарајќи на новинарски прашања.
Врачувањето на мандатните писма ќе се случи на почетокот на втората владина седница која ќе започне денеска во 13 часот.
Премиерот за денеска најави дека веројатно ќе биде сменет и деловникот за работа на Владата за се прецизира дека ќе има прв заменик, односно Артан Груби.