Во пресрет на утрешната лидерска средба, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ Сител порача дека се потребни избори во првиот погоден момент бидејќи, според здравствените власти, излегуваме од криза.
Тој додаде дека изборите треба да се одржат во првиот можен момент, бидејќи во лето ќе се отворат границите, а наесен ќе работат училиштата, колективните објекти и тогаш ризикот од зараза е многу поголем.
Тој очекува утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски да се постигне консензус за датумот за избори.
„Нема ултиматуми за датумот на изборите, треба да се оди на избори во првиот пригоден момент. Да бидеме разумни и одговорни, треба да научиме да живееме со кризата, додека не се најде вакцина и треба да бидеме разумни и да ги вратиме во функција институциите како парламентот, политичката влада, сите тие институции кои им се потребни на среден и на долг рок на граѓаните и на економијата“,
рече Заев.