Електронската нараквица ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание, се вели во петицијата

Либерално-демократската партија (ЛДП) покрена онлајн петиција , со која се бараат 10 000 потписи за референдум за итно воведување на електронска нараквица за насилниците и сторителите на семејно насилство.
„Електронската нараквица ќе ја предупреди жртвата и ќе ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Потпишете сѐ!“,
повикуваат од ЛДП, кои досега собрале 850 потписи.
Пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова, на социјалните мрежи реагираше откако пратениците двапати го одбија предложениот закон. Идејата се реактуелизира по трагедијата во Богданци, каде што неделава беа пронајдени две безживотни тела, а на која ѝ претходела пријава за партнерско насилство врз 17-годишна девојка.
