Во Владата вечерва беше потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Ова е прв официјален договор потпишан по отворањето на преговорите за членство на земјава во ЕУ
Нашиот македонски сон стана реалност, напиша на Фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев по потпишувањето на договорот за Фронтекст меѓу ЕУ и Македонија.
„Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик. Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на којшто стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија. Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на македонски јазик! Сега веќе не треба да веруваме, сега веќе знаеме зошто беше храброста, решителноста, визијата… Успеавме ! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет ! Радувај се мој македонски народе !Испишавме историја!“,
напиша Заев.

Во Владата вечерва беше потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс. Ова е прв официјален договор потпишан по отворањето на преговорите за членство на земјава во ЕУ.
Договорот е потпишан на македонски јазик.
Од име на ЕУ Договорот го потпишаа амбасадорот на Чешка Јарослав Лудва како претставник на чешкото претседателство со Советот на ЕУ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон која е дел од делегацијата на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен. Од македонска страна, пак, потпис стави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.