Премиерот Зоран Заев денеска во телефонски разговор со бугарскиот колега Бојко Борисов се увериле дека треба да продолжат разговорите со цел наоѓање на решение за отворените билатерални прашања.
Заев најпрво му посакал на Борисов добро здравје и брзо опоравување од коронавирусот, на што Борисов одговорил дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна.
„Во телефонскиот разговор премиерите Заев и Борисов разменија информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес и договорија уште еден телефонски разговор за утрешниот ден на кој ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн“,
информираат од Владата.
Заев и Борисов изразиле уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции.