ПЦР тест ќе се бара само за деца постари од 10 години
Косовските државјани кои доаѓаат или само транзитираат низ нашата земја мора да прикажат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа пред доаѓањето.
Ова е една од двете нови одредби кои се вметнуваат во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот ковид-19, кои на денешната седница ги усвои Владата.
Другиот став со кој се дополнува оваа Одлука се однесува на ПЦР тестовите за деца, и гласи дека медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест за ковид -19 ќе се приложува само кога детето има над 10 години.