Националниот координатор за ЕУ му реплицира на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, откако тој рече дека има најголем кредибилитет да ја составува идната влада
Што е кредибилитет, а што легитимитет му објасни денеска Марјан Забрчанец, национален координатор за интеграција во ЕУ, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако тој изјави дека неговата партија има најголем кредибилитет да ја составува новата влада.
Забрчанец напиша на фејсбук дека Мицкоски се расфрла со терминот кредибилитет мислејќи дека со тоа ќе си го зголеми сопствениот.
„Ајде малку едукација за него, од теоријата на политичко застапување: Што е легитимитет? Се однесува на поддршката, односно на бројката со која застапуваш одредена политичка позиција или најкратко кој ти дал право? Што е кредибилитет? Се однесува на веродостојноста, односно логичката и стручна подготовка со која застапуваш одредена политичка позиција или најкратко зошто да ти се верува? Тој вика дека тој имал најголем кредибилитет да прави Влада. Има ли Мицко кредибилитет? Може ли да му се верува? Има ли Мицко легитимитет? Има ли најмногу освоени гласови и пратенички мандати на овие избори“,
напиша Забрчанец на фејсбук.