Децата во Шпанија денеска излегоа на улица, првпат откако на 14 март беа воведени строги мерки поради пандемијата на коронавирусот.
Шпанската Влада минатата недела соопшти дека од денеска децата на возраст до 14 години можат еден час дневно да си играат надвор во придружба на возрасно лице.
Не им е дозволено движење подалеку од еден километар од местото на живеење.
Локалните медиуми објавија репортажи во кои констатираат дека „овој мал дел на нормалност, донел смеа и радост на улиците на шпанските градови“.
Во Шпанија во изминатите 24 часа се регистрирани најмалку смртни случаи од коронавирусот во последниот месец – 288, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Вкупниот број на починати изнесува 22 902 лица.
Вкупниот број на заразени со новиот коронавирус во Шпанија изнесува 223 759 луѓе.